Витаминка со признание за врвен квалитет

Bez autora
Jun 29 2014

"Витаминка" е македонската компанија што го доби признанието за врвен квалитет, QUDAL – QUality meDAL. Признанието е доделено во две категории: за компанија со најдобар квалитет кога станува збор за производи и услуги на македонскиот пазар и во категоријата кечап, за апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар. Ова признание е дополнителна потврда што ние веќе години наназад ја добиваме од потрошувачите со нивниот избор на нашите производи. Сепак, радува фактот што признанието се однесува и целосно на компанијата како симбол за македонски квалитет, а и за еден од нашите најпознати брендови. Во производното портфолио на Витаминка, кое го сочинуваат многу производи, приоритетен ни е квалитетот и одржувањето на истиот. Токму затоа, наша постојана стратегија е инвестирање во опрема, технологија и висококвалитетни состојки со цел постигнување на поголем квалитет на нашите производи, изјави Сашо Наумоски, генерален извршен директор на "Витаминка".

Витаминка со признание за врвен квалитет"Витаминка" е македонската компанија што го доби признанието за врвен квалитет, QUDAL – QUality meDAL. Признанието е доделено во две категории: за компанија со најдобар квалитет кога станува збор за производи и услуги на македонскиот пазар и во категоријата кечап, за апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар.

- Ова признание е дополнителна потврда што ние веќе години наназад ја добиваме од потрошувачите со нивниот избор на нашите производи. Сепак, радува фактот што признанието се однесува и целосно на компанијата како симбол за македонски квалитет, а и за еден од нашите најпознати брендови. Во производното портфолио на Витаминка, кое го сочинуваат многу производи, приоритетен ни е квалитетот и одржувањето на истиот. Токму затоа, наша постојана стратегија е инвестирање во опрема, технологија и висококвалитетни состојки со цел постигнување на поголем квалитет на нашите производи - изјави Сашо Наумоски, генерален извршен директор на "Витаминка".

Признанието QUDAL се доделува на основа на истражување спроведено од ICERTIAS (International Certification Association Gmbh) Меѓународно здружение за сертификација со седиште во Цирих, Швајцарија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik